ДЕСКОСКА НА МЕСТОТО НА КАРАКАМИШЕВА: Ќе лобира за двојазичноста во Венецијанска комисија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата крие од јавноста дека ја именувала министерката за правда Рената Десковска за македонски претставник односно член на Венецијанската комисија во која сега претставник е професорката Тања Каракамишева, дознава „Експрес“.

Како што пишува порталот, вчера Десковска била номинирана за македонски претставник во експертскиот тело на Советот на Европа кое се занимава со прашањата на владеење на правото, човековите права и демократските принципи на вчерашната седница на Владата. Сепак, скандалозноста на одлуката се гледа и по фактот што во своето соопштение Владата не ја објавува информацијата за именување на свој член на комисијата.

А откако медиумите, а не Владата, објавија за номинацијата на Рената Дескоска како иден македонски претставник во Венецијанската комисија, министерката за правда преку „Фејсбук“ порача дека сега засега, само е номинирана.

Дескоска, исто така, се правда дека нема да е единствена министерка во комисијата и дека многу земји праќаат владини претставници, откако медиумите објавија дека според правилата и практиката на комисијата членовите се независни експерти, а се избираат од редот на искусни професори, особено од полето на меѓународното право, членови на врховниот или уставните судови или членови на националните парламенти.

– Се надевам дека од јануари, по истекот на мандатот на постојниот член на Венецијанската комисија, ќе можам да придонесам за целосно хармонизирање на нашето законодавство со европското. Земјите кои често праќаат закони на мислење до Венецијанската комисија, избираат да номинираат за свои претставници министри, заменици министри или државни секретари, доколку истите ги исполнуваат условите, заради подиректна соработка со комисијата и целосна и искрена размена на ставови. Таков е примерот на Црна Гора која за свои претставници ги има министрите за правда и за надворешни работи, Србија чиј претставник е заменик министерот за правда, Романија, Унгарија… Секако, во моментов одлуката на Владата е само номинација… – напиша Дескоска.

Се надевам дека од јануари, по истекот на мандатот на постојниот член на Венецијанската комисија, ќе можам да придонесам…

Posted by Рената Дескоска on Wednesday, December 25, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This