Детален преглед – Еве на кои подрачја во Македонија растот на eпидeмијaтa е најголем

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројот на активни случаи на ковид-19 во земјава порасна за околу 20% во изминатите две недели. Сепак, во Штип, Свети Николе, Дебар, Гостивар и други подрачја растот е многу поголем.

Последните бројки на Министерството за здравство покажуваат дека во последните две недели повторно има значителен раст на бројот на т.н. „активни случаи“, показател кој ги прикажува пациентите кои се уште не се излечиле од коронавирусот или не ја загубиле битката со него.

Како што покажува графиконот погоре, на 13 јули здравствените власти известиле дека во земјата има 3 486 активни случаи, на 19 јули таа бројка изнесувала 3 921 а вчера имало 4 199 лица кои во моментов се болни од ковид-19.

Но, растот на активните случаи не е подеднакво распределен на територијата на земјата. Напротив, во некои подрачја бројот на болни се намалува, во други стагнира, додека во трети расте.

– Кластер(и) конфекции:
Според податоците на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, најрапиден раст на бројот на активно болни од коронавирусот во последниве две недели има во Штип и во Свети Николе.

На подрачјето на Центарот за јавно здравје во Свети Николе, на 13 јули имало само 42 активно болни. Неполна недела подоцна, на 19 јули имало 111 болни, додека вчера бројката стигна до 182 случаи. Во проценти, бројот на болни за неполни две недели се зголемил за близу 450%.

Штип веќе подолго време има зголемен број на случаи, но последните две недели се особено загрижувачки. На 13 јули, на подрачјето на Центарот за јавно здравје – Штип имало 178 болни, за на 26 јули да има двојно повеќе – 380 пациенти со коронавирусот.

И во Свети Николе и во Штип, најголем „инкубатор“ на заразата беа конфекциите и организираниот превоз до нив. Заедничкото возење во автобус на работничките и работниците од различни населени места и халите со голем број на вработени доведоа до ширење на вирусот. Уште кога имаше два и пол пати помалку случаи во Штип, директорката на тамошниот Центар за јавно здравје кажа дека „заразата излезе од кластерите“.

– Западна Македонија:
Кога е во прашање Полошката котлина, фокусот на јавноста досега беше свртен кон Тетово. Бројките од подрачјето кое го покрива Центарот за јавно здравје од градот, во еден момент беа пониски само од Скопје. Но, веќе неколку недели бројот на активно болни во Тетово постепено се намалува ама расте на јужниот дел од котлината.

Гостивар, во последниве две недели има за околу 50% повеќе пациенти. Споредено со крајот на јуни пак, има три и пол пати повеќе болни од ковид-19. Односно, на крајот на јуни, на подрачјето кое го покрива тамошниот Центар за јавно здравје имало 63 активно болни од коронавирусот. Наглиот раст секоја недела доведе до 223 активно болни вчера.

Кичево не е дел од Полошката котлина, но и таму бројките не одат во добра насока. Во последниве две недели двојно е зголемен бројот на болни од ковид-19. Ако споредбата се прави со крајот на јуни, растот на активно болни пациенти е близу 700%.

Дебарскиот регион, заедно со Центар Жупа, беа единственото подрачје во државата кое беше ставено под целосен карантин. Откако епидемијата еднаш се смири, сега повторно е вон контрола. Последните податоци од тамошниот Центар за јавно здравје говорат за 125 активно болни, што е трипати повеќе споредено со состојбата пред неполн месец.

Веќе подолго време негативен тренд има и во Струга. Во последните две недели бројот на активно болни од коронавирусот се искачи од 171 на 206 случаи. Ако анализата се продолжи до крајот на јуни, може да се види како заразата континуирано расте.

– Кумановски „трет бран“
По Скопје, Куманово е подрачјето каде досега се регистрирани најмногу случаи на ковид-19. Но епидемијата таму имаше повеќе „бранови“ отколку во остатокот на земјата.

Уште во април, градот и околината беа најпогодени според процентот на население кој се зарази од коронавирусот. Состојбата потоа се смири, за повторно да „експлодира“ со т.н. втор бран кој почна во јуни. Но, на почетокот на јули, од Центарот за јавно здравје во Куманово пристигнуваа позитивни вести за драматично намален број на активно болни. Во последниве две недели сепак, бројките повторно пораснаа за значителни 45%, од 194 на 282 случаи.

– Скопје се врти во круг
Подрачјето на главниот град и околината и понатаму се подрачјето со најголем број на активно болни од ковид-19. Речиси цел месец таа бројки се движи околу 2 000. Најдобар „резултат“ Центарот за јавно здравје пријави на 13 јули, кога имало 1 788 активно болни. Но вчера, таа бројка повторно порасна и тоа за 10%, на 1 935 пациенти кои се болни во моментов.

Како и за целата држава, така и во Скопје, во некои општини паѓа бројот на болни а во други се зголемува. Најмногу пациенти се уште има во Чаир, но веќе неколку недели нивниот број се намалува. Но затоа веќе неколку недели по ред, се зголемува бројот на болни во Аеродром и Кисела Вода.

Извор: 360stepeni.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This