Детали за големиот пpoтест во недела: Без партиски и религиозни обележја, нapoдот обединет пpoтив тиpaниjaта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се чини во недела во 19 часот, Македонија ќе го има првиот во целост граѓански протест организиран единствено на социјалните мрежи без поддршка на ниту една политичка партија или „невладина“ организација каде народот обединето и сплотено ќе се борат за основните човечкови права и слободи.

Времето на протестот е променето и наместо во 12:00 часот тој ќе со одржи во 19:00 часот попладне пред Собранието на Република Македонија.

Причината за протестот се новите мерки и ковид пропусниците кои треба да стапат во сила на 16 август. Со новите мерки од 16 август се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).

Приложувањето и поседувањето потврда за извршена имунизација – најмалку прва доза вакцина, се однесува на лица над 18 годишна возраст.

Повторуваме во 19:00 часот во недела голем народен протест против новите корона мерки пред Собранието на Република Македонија.

-НА 15 Август (недела) во Скопје, пред Собрание во 19 часот ќе се одржи ПРОТЕСТ ПРОТИВ ФАШИСТИЧКИТЕ КОВИД МЕРКИ (Напомена: протестот е народен, непартиски, без разлика на вера, политика, статус, бидејќи се работи за заштита на најосновните човекови права кај нас и насекаде во светот) Жителите на сите градови кои немаат можност да присуствуваат во Скопје, пожелно е да самоорганизираат протести во своите градови), стои во најавата за протестот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This