ДЕТАЛИ ЗА CТРAШНAТA СOOБРAЌAЈНA НECРEЌA: 34-годишник зaгинa по cyдаp со возач на илeгaлни eмигpaнти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Триесет и четиригодишниот С.Г. од село Градашорци, кој управувал „фолксваген пасат“, е загинатото лице во вчерашната кобна сообраќајна несреќа на магистралниот пат Струмица – Радовиш откако се судрил со возач кој превезувал 11 илегални емигранти од Пакистан, гласи верзијата на официјалниот извештај на МВР.

Сообраќајката се случила во 18.45 на делница од Струмица до Василевска крстосница, а превезувачот Е.С. (55) на емигрантите возел „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, која била во сопственост на правно лице, најверојатно на фирма.

Со починатиот бил и сопатникот С.Г.(57), кој минал со тешки повреди, а во сообраќајката учествувало и возило „ауди“, управувано од Д.К. од Скопје, со тројца сопатници, меѓу кои исто така двајца повредени.

Вчера очевидци за медиуми тврдеа дека превезувачот на емигранти возел со голема брзина, бегајќи од полиција, при што најпрвин удрил во автомобилот, во кој бил загинатиот, а педесетина метри потоа излетал од патот и се забил во ѕид. Во извештајот на МВР не се споменува ваква верзија.

Вчера медиуми објавија дека територијалната противпожарна единица на Струмица, во извлекувањето на настраданите користела специјални хидраулични алатки.

Увид на лице место извршија Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This