БРОЈКИТЕ САМИ ГОВОРАТ ЗА СЕБЕ, НО КОНЕЧНО ИМАМЕ И ПРИЗНАНИЕ: Повеќе тестови-повеќе зaбoлeни!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наспроти арогантноста и обидот да биде и главен уредник во медиумите, шефот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски, на вчерашната средба со новинарите, се чини, ја изнесе клучната работа околу која досега се кршеа копјата во спречувањето на ширењето на корона вирусот во државата.

– Тестирањето покажа дека што повеќе тестираме, имаме и поголем број позитивни, меѓутоа, процентот на овие позитивни се движи меѓу 3,1/ 7,9/ 14,2/ 13 и 15 проценти – изјави д-р Караџовски, кој додаде дека Комисијата усвојува свои протоколи и ги дава на министерот за здравство за усвојување на Владата.

Според него, ако се направи споредба на графичките прикази на бројот на заболени од вториот бран од 26 мај наваму и тие од април месец, ќе може да се види дека тие ќе се поклопат или речиси ќе се поклопат. Што ќе рече дека има совпаѓање на процентот на тестирани со процентот на бројот на заболени, или помалку тестира-помалку заболени, повеќе тестирани-повеќе заболени.

Главно прашање сега е зошто во април и мај не се вршеа повеќе тестирања на што укажуваше и Светската здравствена организација, и медиумите, и опозицијата? Како одговори можат да послужат повеќе работи. На пример, недостаток на доволен број тестови, рационалност во нивното користење, недоволни лабораториски капацитети за нивно реализирање, или, во крајна линија, манипулација со фактот, што вчера беше отворено признат-дека повеќе тестирање ќе значи и поголем број заболени? Што, пак, не кореспондираше со дневно-политичките интереси на власта за спроведување на брзи корона избори! И како врв на комбинација од сите овие причини дојде политичкото пазарење околу полицискиот час за празниците од крајот на мај.

Но, развојот на настаните го доведува во прашање и начинот на кој се правени прогнозите за бројот на заболени од Ковид-19. Зашто, очигледно сите проекции, па и оние најпесимистичките на прв поглед, паднаа во вода.

Првичната бројка од 2.000 заболени, што ја спомена министерот за здравство Венко Филипче, веќе е зголемена за повеќе од 50%. Моментно, вкупниот број зболени изнесува 3.127 лица. И може ли да постои толкаво несовпаѓање во прокециите, дотолку повеќе ако тие се правени взр основа на некаква методологија од Светската здравствена организација? Техничкиот премиер Оливер Спасовски, пак, на една од прес-конференциите прв ја спомена бројката од можни 2.500 заболени. Но, и таа е веќе надмината за речиси повеќе од 1/4 или за над 600 заболени.

И по ваквите показатели, илузија е да се тврди дека ситуацијата е под контрола. Конците се испуштени токму во трката со фактот дека помалку тестирање значи помал број заболени и, обратно, повеќе тестирање значи повеќе заболени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This