Новиот шеф на Мисијата на Европската Унија во Република Македонија, Дејвид Гер, во моментов му ги предава акредитивните писма на Претседателот Стево Пендаровски со што и официјално ја презема функцијата која до сега ја извршуваше евроамбасадорот Самјуел Жбогар. Гер во Скопје пристигна минатата недела. На социјалните мрежи порача дека сака да ја запознае целата земја и нејзиниот народ, паралелно давајќи поддршка на процесот на евроинтеграција.
Неговиот претходник, Жбогар во Македонија помина 4 години.
Денеска нов амбасадор именуваше и Словенија. Функцијата ќе ја извршува Милан Предан кој утрово веќе му и предаде акредитивните писма на Пендаровски.