Дивите депонии одат во историјата – Арсовска најавува 24 часовна инспекција и неселективно казнување на загадувачите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градот Скопје долго време се обидува да изнајде решение за дивите депонии кои постојано ја загадуваат животната средина на жителите.

Новата Градоначалничка Данела Арсовска, вети дека проблемот со дивите депонии ќе биде решен во првите 82 дена од нејзиниот мандат.

Па така, во денешното нејзино обраќање таа истакна – „Досега, градот Скопје ги има санирано поголемиот број депонии и и диви депонии, заедно во соработка со другите градоначалници, но и со сопствени средства.“

Како превентивна мерка, со цел дивите депонии да не се повторат или да се создадат нови, градоначалничката вели дека ќе се воспостават нови, системски механизми за спречување на оваа појава.
– „Инспекцијата ќе работи во три смени, ќе се казнува неселективно. Се поставува систем за превенција. Системски да се запре оваа појава, не само следење со дронови.“

Со овие нови градски политки, градоначалничката ги испорачува своите предизборни ветувања спрема жителите на Скопје. Таа додаде и дека во справување со проблемот ќе бидат вклучени и граѓаните – „Се работи на подобра реакција на службите, на дојавите од граѓани кои пријавуваат депонии и загадување“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This