ДИК: До 15 часот денеска гласале 7.170 лица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска, на вториот ден од предвремените парламентарни избори, до 15 часот гласале 7.170 лица, а не биле пронајдени или не сакале да гласаат 273 лица. Од 357 пријавени избирачи во домовите за стари лица, гласале 231. Во казнено-поправните установи, пак, до 15.30 часот од 1.657 запишани избирачи, гласале 808. Од лицата кои се пријавиле за гласање во домашен притвор, досега се изјасниле седум лица додека нема информација колкумина го искористиле своето право на глас од шесте лица кои се запишани како раселени. Ова попладнево го соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Дерковски на продолжението на 77 седница. Тој истакна дека вториот ден од изборите се одвива непречено и без проблеми.

Иако условите се прилично комплицирани, во услови на пандемиска криза, сметам дека избирачките одбори досега добро си ја завршија работата и ги охрабрувам да ја дозавршат до крајот на денот. Ги охрабрувам и сите пријавени, да ги почекаат одборите доколку досега не дошле да ги посетат за да го искористат своето право на глас, рече Дерковски.

Најави дека по 21 часот ќе соопштат како поминало гласањето на овие категории лица.

И од овој ден се виде дека ДИК со целата администрација, која е поддршка на целиот процес, успеа да го организира гласањето како што треба, водејќи сметка, пред сè, за здравјето на граѓаните. Никаде не е пријавен настан што би значел загрозување на здравјето на гласачите. Сметам дека така ќе помине и утрешниот ден. Апелирам граѓаните да излезат утре и да гласаат и да бидат сигурни дека се исполнети сите услови за безбедно гласање, пред сè, за нивното здравје и за здравјето на сите што учествуваат во организација на овој процес. Да ги почитуваат препораките и процедурите, како од нас така и од здравствените власти се со цел заштита на овој процес,а и заштита на нивното здравје, рече Дерковски.

За шпекулациите за броење на гласови, претседателот на ДИК кажа дека гласачките ливчиња од вчера и денеска ќе се бројат заедно со сите останатите гласачки ливчиња. Дерковски ги замоли сите учесници во политичката трка да ги остават граѓаните слободно да го остварат своето гласачко право.

Вчерашниот, денешниот и утрешниот ден се денови на ДИК и денови на граѓаните за да го исполнат своето гласачко право. Уште еднаш апел – воздржете се сите, оставете ги граѓаните да си ја донесат вистинската одлука, потенцира Дерковски.

И останатите членови на ДИК апелираа до сите учесници во изборите да го почитуваат молкот. Укажаа дека гласачите можат да гласаат само со важечка лична карта и важечка патна исправа, а избирачките одбори и комисиите да ги почитуваат упатствата од ДИК.

Борис Кондарко нагласи дека гласањето е слободно, тајно и безбедно. Информира дека се преземени сите мерки на здравствена заштита и досега немало никакви поплаки во однос на почитување на препораките. За денешните објави на социјалните мрежи, во име на ДИК, објасни дека гласачките ливчиња се изработени согласно закон, нивната заштита и содржина се според закон.

Граѓаните треба да бидат спокојни дека со гласачките ливчиња по ниту еден основ не се можни никакви злоупотрби, манипулации или фалсификати, рече Дерковски.

Соопшти дека гласачките ливчиња имаат десетици заштити, дел видливи, а дел невидливи. На ниедно гласачко ливче нема сериски број, што е на кочанот, кој, пак, останува во избирачкиот одбор.

Дражавната изборна комисија попладнево во рамки на продолжението на 77. седница разгледа нови приговори за повреда на личното избирачко право, поднесени од неколку граѓани и сите ги одби. Членовите на ДИК дискутираа и за три акти доставени од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и констатираа да се вратат повторно во оваа институција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This