ДИК ЗАПОЧНА СО ПОДГОТОВКИ ЗА ИЗБОРИ: Граѓаните повикани да проверат дали ги има во избирачкиот список!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред изборите на 11 декември ДИК по барање на СДСМ спроведе проверка на гласачите. По тие проверки околу 30.000 гласачи беа привремено избришани од Избирачкиот список, но тие на следните избори ќе можат да слободно да гласаат

dik-sednica1-640x419

Иако нема никаква најава кога би можеле да се одржат локалните или, пак, парламентарни избори, Државната изборна комисија веќе се подготвува за гласање. На интернет-страницата на ДИК се повикуваат граѓаните да проверат дали ги има во Избирачкиот список.

„Се повикуваат сите заинтересирани граѓани на Република Македонија, кои сакаат да извршат увид во своите податоци во Избирачкиот список, и доколку сметаат дека е потребно, да побараат измена, дополнување или бришење на податоците во истиот. Избирачкиот список кој се става на јавен увид е направен со податоци на граѓаните кои заклучно со 1 февруари 2017 година станале полнолетни.

теренска проверка избирачки список

Јавниот увид може да се изврши на официјалната веб-страница на Државната изборна комисија www.sec.mk и во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија“, велат од ДИК.

Пред изборите, кои требаше да се одржат најнапред на 24 април, па на 5 јуни, за на крај да се одржат на 11 декември, ДИК по барање на СДСМ спроведе проверка на гласачите. Тимови од ДИК одеа во домовите на сомнителните гласачи, се проверуваа нивните податоци и местата на живеење. По тие проверки околу 30.000 гласачи беа привремено избришани од Избирачкиот список, но тие на следните избори ќе можат да слободно да гласаат.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This