ДИК: Започна увидот во Избирачкиот список за гласање во странство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Увидот во Избирачкиот список за гласање во странство за претседателските избори почна вчера и ќе трае до 14 март. Државната изборна комисија преку соопштение ги повикува државјаните на Република Северна Македонија во странство, кои сакаат да го остварат своето гласачко право, да извршат увид во посебните изводи од Избирачкиот список во просториите на Дипломатско-конзуларните претставништва во период од 23 февруари до 14 март.

При увидот државјаните на се идентификуваат пред надлежно лице со важечка патна исправа или важечка лична карта издадена од надлежен орган на земјава, велат од ДИК.

Увидот може да се изврши и преку интернет страницата на Државната изборна комисија.

Во периодот од 8 февруари, кога собранискиот спикер ги распиша изборите, па се до 14 март пријавата за гласање, своерачно потпишана се доставува до ДКП, односно конзуларната канцеларија на земјава во одредената држава на адреса на ДКП/КК или се испраќа преку веб апликацијата поставена на интернет страницата на ДИК за државјаните на земјава, кои се на привремен престој во странство повеќе од три месеци или се на привремена работа или престој во странство повеќе од една година.

Државјаните на Република Северна Македонија, кои претходно го имаат пријавено пред надлежен орган својот привремен престој во странство или привремена работа во странство, односно државјаните за кои МВР има евиденција дека се на привремен престој или привремена работа во странство, поднесуваат само пријава.

Државјаните на земјава, кои претходно не пријавиле дека имаат привремен престој или се на привремена работа во странство, задолжително доставуваат скенирана копија од документи како доказ за престој во странство и тоа: потврда или копија од документот како доказ за престој во странство повеќе од три месеци или за привремена работа или престој во странство повеќе од една година или дозвола за престој или работа во странство издадена од надлежен орган од соодветна држава или копија од дозволата за престој или работа во странство.

Право на глас имаат сите државјани на Република Северна Македонија, кои имаат пријавено последно живеалиште во земјава, а на денот на гласањето привремено престојуваат во друга земја, повеќе од три месеци или се на привремена работа или престој во друга држава повеќе од една година, согласно евиденцијата од надлежниот орган, а кои од 8 февруари до 14 март доставиле пријава за гласање и се запишани во посебните изводи од Избирачкиот список.

На изборите за претседател можат да гласаат само државјани на Република Северна Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, а кои доставиле пријава за гласање и се запишани во посебните изводи од Избирачкиот список. Сите останати државјани на Република Северна Македонија, кои имаат избирачко право, а кои не поднеле пријава за гласање, ќе бидат запишани во изводите од Избирачкиот список за гласање во Република Северна Македонија, согласно нивото пријавено последно живеалиште во земјава.

Гласањето ќе се одржи на 20 април 2019 година во период од седум до 19 часот, во просториите на ДКП, односно конзуларната канцеларија на земјава во одредената држава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This