ДИК СО ДЕМАНТ: Не сме почнале подготовки за предвремените избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државната изборна комисија (ДИК) денеска во целост ги демантира насловите во одредени медиуми во кои се наведува дека Комисијата ги почнала подготовките за предвремените парламентарни избори.

Единствените активности, како што се наведува во соопштението, кои ДИК ги реализира во моментот се активностите поврзани со нејзиното тековно функционирање.

– Воедно Ве информираме дека ДИК, во целост ја почитува Уредбата со законска сила за прашањата поврзани со изборите бр.442413/1 од 21 март 2020 година, донесена од Владата на Република Северна Македонија, врз основа на која ДИК усвои Заклучок за прекинување на сите изборни дејствија за спроведување на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, закажани за 12 април 2020 година бр. 08-1022/1 од 22 март 2020 година, се потенцира во соопштението од ДИК.
Претходно порталот Слободен печат објави дека ДИК ги почна подготовките за изборно соочување на 5 јули и дека централата веќе испратила допис до сите општински изборни комисии со кој бара одговор за тоа што им недостасува за спроведување на избори во време на коронавирус.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This