ДИК: 48,88 отсто излезност до 18:30 часот – најголема излезност во Вевчани, најмала во Сарај

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски вечерва на прес-конференција објави дека најголем дел од гласачките места се затворени и дека денот помина успешно.

-Излезноста до 18:30 часот е 48,88%, односно гласале 555 943 граѓани. Најголема излезност има во Вевчани 81,2% и Гевгелија 80,77%. Најмала излезност во Сарај 28,12% до 18:30 часот, изјави Даштевски.

Тој додаде дека на три избирачки места во општина Центар, гласањето ќе продолжи за 2 часа и 55 минути, во општина Сарај исто така гласањето ќе продолжи на три места, а во општините Карпош, Чешиново Облешево, Зелениково и Пробиштил, гласањето ќе продолжи на едно избирачко место.

-Имавме изолирани инциденти на денешниот изборен ден, наведе Даштевски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This