Димитриевска – Кочоска: 2020 година е една од нajтешките економски години поради нecнаоѓањето на владата за спpaвување со kpизата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Членот на извршниот комитет на ВМРО- ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска во гостување на „Македонско Радио“ кажа дека 2020 година е една од најтешките економски години во историјата на државата како заради падемијата но главно заради неснаоѓањето на владата за поуспешно надминување на истата.

-За да може да проектираме што е она што не очекува наредниот период најпрво треба да направиме една кратка анализа за сето она што го оставаме зад нас во 2020 година. И да кажеме можеби една од најтешките години за македонската економија како заради пандемијата така и заради неснаоѓањето на владата за поуспешно намдинување на истата кажа Димитриеска – Кочоска.

Димитриеска – Кочоска истакна дека бројките и податоците јасно покажуваат катастрофална реализација на приходите за 2020 споредено со 2019 година ако се земе предвид фактот дека последниот ребаланс беше во средината на октомври, што јасно покажува едно нереално планирање на само 2 месеци пред крајот на годината.

-Би започнала со она што го кажа министерто за финансии а воедно и претседателот на владата на заедничката прес конференција каде што кажуваа каква е реализацијата на приходите во текот на 2020 година при што помпезно кажаа дека 99 % од даночните приходи биле собрани. Кога ќе ги погледнеме малку пореално бројките врз база на сето она што тие го кажаа ќе заклучиме дека вкупната реализација на приходите била 96 , 7 % во однос на она што било планирано во вториот ребаланс односно на ниво на година 106 милиони евра имаме помалку остварено во однос на планираното. Или ако го гледаме само последниот квартал затоа што однесувањето во последниот квартал на некој начин покажува покажува како ќе влеземе во 2021 година. Во последниот квартал во средината на месец октомври ние имавме 2 ребеланс на буџетот каде што точно во ребалансот стоеше дека за 6,3 % ќе имаме раст на приходите во последнито квартал во однос на последниот квартал на 2019 година. Но наместо 6, 3 % повисоки приходи во однос на 2019 ние завршивме со 5,2 % помалку приходи помалку од 2019 година што јасно покажува дека имаме катастрофална реализацја односно нереално планирање на само 2 месеци пред крајот на годината потенцираше Димитриевска – Кочоска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This