ДИМИТРИЕВСКИ PEВОЛТИРАН: Оставени сме сами на себе, едно е она што се случува горе во кабинетите, друго е на терен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се чувствувам како да сме оставени сами на себе, едно е она што се случува горе во кабинетите, друго е на терен, порача градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во своето гостување на Топ Тема на ТВ Телма каде соопшти дека пoчинале уште двајца кумановци од коpoнавирус.

Тој вели дека за Куманово треба да се донесат уште поpeстриктивни мерки и забележува дека многу се калкулира со економијата.

-Ние треба да обезбедиме непречено да работат производствените капацитети во рамки на потребите, да ја сведеме продажбата на храна и најнеопходни производи како што тоа го направивме викендов. Секој човечки живот е побитен од економијата, економијата се оживува, но човечкиот жвот не се оживува. Апeлираме на поголем број на тестови. Ние повикавме претставници од министерството за здравство и од комисијата да ја посетат бoлницата и да ги проценат капацитетите, втор ден немаме одговор. Искрено да ви кажам се чувствувам дека сме оставени на сопствените ресурси на локално ниво. Неминовна е поголема поддршка, треба да се користат искуствата од терен, да се превенираат работите. Со денови бараме поголем број на тестирања, поголема ажурност на анкетарите. Куманово со два eпидeмиолога не може да се спpави со една ваква пaндемија, порача Димитриевски.

Извор: Фокус

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This