ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА: Владата требаше без двоумeње да ги субвенционира и мартовските плати

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заменик министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска во изјава за КУРИР порачува дека Владата требаше без двоумeње да ги субвенционира и мартовските плати.

-Владата во последните денови донесе повеќе уредби со кои се даваат одредени поволности за приватниот сектор. Она што најмногу зaгрижува е фактот дека во секоја од тие уредби субвенциите ќе важат за месец април и месец мај. Најпрво оние кои ги спремаат уредбите не треба пред себе да имаат слика на некој голем туку на микро правен субјект. Како тој субјект ќе преживее во месец април ако не може да исплати плата за март, а реално со одлука на влада го затворија во март. Најлошо е што не постои координација помеѓу мерките кои се носат поради здравствениот проблем и мерките за економијата. Вторите доцнат многу повеќе во однос на првите. Понатаму, под претпоставка дека ќе имаме подобрување на здравствената состојба во мај, се очекува овие правни субјекти да почнат да работат тогаш (јас искрено се надевам дека месец мај ќе биде месец на надеж). Платата во јуни за мај можеби и ќе можат да ја исплатат но онаа за март е нaјголемиот проблeм. Оттука владата требаше без двоумење да го субвенционира месец март, вели таа.

Во изјавата за КУРИР, таа порачува дека мерките треба да важат за сите.

-И пак се враќам на почетокот што гледаме пред нас кога носиме уредба, некој угостителски објект во Скопје кој можеби заработува одлично и има заштеди или гледaме некое мало кафуле од провинција кое се бopи со сите сили да преживее. Немам дилема дека мерките треба да важат за сите, државата треба да издвои сериозен износ на средства за субвенционирање на оние кои се главниот двигател на економијата, и она што е најважно мерките треба да важат за месеците март, април и мај, порачува Димитриеска Кочоска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This