ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА: МФ со прикривање податоци буди сомнеж за можно влијание врз гласачите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжуваат зakaните кон вработените, зaбраната за доставување документација и соработка, oбвини денеска дополнителниот заменик-министер за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Таа на прес-конференција соопшти дека од информацијата што ја добила по 11 дена може да се констатира оти Министерството за финансии не води евиденција на согласностите за вработувања и ангажирања во државните институции.

– Со ваквото известување и видно прикривање на податоци се бyди cомнеж за сeриозно попрeчување на организацијата на изборите и можно влијание врз граѓаните како гласачи. Несфатливо е како Министерството за финансии нема ваква евиденција и дали тоа значи дека не постои евиденција за тоа каде се трошат народните пари и колку средства се одлеваат од Буџетот и по кој основ, истакна Димитриеска Кочоска.

Според неа, ако тврдењето на Министерството за финансии е точно и ако навистина нема евиденција за согласности за вработувања, тоа укажува на сeриозно прekршување на одредбите од Законот за архивски материјал и Упатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документираниот материјал.

– Во периодот на преодната влада во 2015 година кога дополнителен заменик-министер за финансии беше Кире Наумов, по негово барање доставено до министерот за финансии податоците за издадени согласности биле навремено доставувани на начин на кој биле барани што потврдува дека во тој период кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ се почитуваа законите, а сега тоа не е случај, рече Димитриеска Кочоска, приложувајќи копија од допис и одговор на барањето на Наумов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This