ФАНТАЗИЈА ИЛИ РЕАЛНОСТ?: Највисокото нешто што може да го изградиме на планетата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Човештвото одамна е фасцинирано од ѕвездите и не е изненадување што постојано градиме згради и објекти кои стануваат се повисоки и повисоки и поблиски до нив. Најверојатно еден ден ќе дојде кога нема да можеме да ја зголемиме висината. Но, каде може да се очекува оваа граница во вертикалата?

Највисоката статуа во светот е Буда во Пролетниот храм – 128 метри. Пирамидата Кеоппс е малку повисока (првично 146 метри, но денес е 139 метри). Тaа била највисоко изграден објект во продолжение на 3881 години. После тоа, највисоката зграда била Линколнската катедрала во Англија (1311). Во 1884 година е изградена следната највисока зграда – Вашингтонскиот споменик (164 м).

Денешната највисока зграда е Кулата Бурџ Калифа со извонредни 828 метри, што ги претвора сите претходни високи згради во чудни “Џуџиња”. Но, ова сигурно не е граница и можеме да изградиме многу повисоко.

Со технологијата што ја има светот во моментов, највисоката зграда што теоретски можеме да ја подигнеме е X-ceed 4000 (веќе има завршени проекти за тоа). Оваа гигантска конструкција ќе биде висока 4 км. Но, базата на истата ќе мора да биде 6 километри во дијаметар и ќе ја промени климата во областа откако ќе се изгради. Таа ќе може да прими до еден милион луѓе и да чини околу 1,4 трилиони долари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This