ДИМИТРОВ ГО ИСПРАТИ БЕЈЛИ СО БЛАГОДАРНИЦА: Димитров му се заблагодари на Џес Бејли за промената на името и тоа што ги донесе на власт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изразувајќи задоволството од плодниот ангажман на амбасадорот Бејли во нашата држава, министерот Димитров му врачи благодарница за неговата посветеност и напори вложени во промовирањето на американско-македонското пријателство и блиска соработка.

Министерот Димитров ја нагласи важната улога, поддршка и верба на САД во постигнувањето долгорочна стабилност, демократизација и просперитет на нашата држава. Во оваа насока, ја истакна благодарноста за континуираната поддршка од САД на евро-атлантскиот пат на Македонија.

Амбасадорот Бејли го истакна своето задоволство што по четири години,  заминува од земја која направи историски исчекор и која го добива своето заслужено место во НАТО, и цврсто чекори кон ЕУ. Изрази уверување дека со влезот на Македонија во НАТО, ќе се иполни визијата на САД за мирен, стабилен и попросперитетен регион.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This