ДИМИТРОВ И ОСМАНИ ВО ЗАГРЕБ: Повеќе бенефиции за реформаторите и повеќе caнкции за тие кои одат назад е чекор кој одамна го посакуваме

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска во хрватскиот Сабор се сретнаа со претседателот на Комисијата за надворешна политика Мире Коваќ и претседателот на Комисијата за европски прашања Домагој Иван Милошевиќ, јави дописникот на МИА.

На средбата се разменија мислење во однос на новата методологија за проширувањето на ЕУ и улогата која Хрватска како актуелен претседавач со ЕУ ја има во однос на процесот за отворање на преговори со Северна Македонија.

-Верувам дека претставува чест, но и вистински успех да се види Хрватска на чело на Унијата. Сметам дека со новата предлог методологија навистина се отвораат потенцијалите за европските интеграции на претстојните самити на ЕУ, со што Претседателството на Хрватска со ЕУ навистина добива шанса да биде историско за целиот регион, особено за РС Македонија, истакна Османи.

Министерот Димитров, пак, смета дека улогата на Хрватска и поддршката која официјален Загреб ја дава за евроинтеграцијата на земјава е повеќе од важна.

– Веруваме дека обновениот пристап може да резултира со двојна победа, односно отварање на преговорите заедно со усовршен пристапен процес. Нашите граѓани не се плашат од поголема стpoгост или враќање во попрaвна клупа доколку постои нaзадување. Напротив, така сметаат дека подобро ќе ги држат политичарите за збор. Повеќе бенефиции за реформаторите и повеќе caнкции за тие кои одат назад врз основа на кредибилна објективна оценка за напредокот е чекор кој одамна го посакуваме, потенцираше Димитров за време на средбата.

Во рамките на посетата на Загреб, Османи и Димитров попладнево ќе се сретнат и со премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, како и со министерот за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This