April 30, 2024, 10:18 am

Димитров: Македoнија е целосно посветена на евроинтеграцијата и на Договорот за пријателство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Отворањето на преговорите со Македонија ќе биде или заеднички успех или заеднички неуспех за Брисел, Софија и Скопје, смета вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Во вечерашното госрување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, Димитров кажа дека е многу битно каква порака ЕУ ќе се испрати до целиот регион.

Каква пораката се испраќа за целиот Балкан ако во март има одлука за преговори, а до декември ништо не се случи. Довербата во зборот на ЕУ ќе се истенчи уште повеќе. Тоа не е добра порака до нашите соседи. Ако се видат сите извештаи факт е дека ние со сите наши мани, во очите на ЕУ има надеж дека нашево ќе успеее дека ние ќе се реформраме и ќе станеме европска држава. Така не гледаат во многу земји членки, рече Димитров.

Во тоа, нагласи, инвестираше и самата Бугарија, особено кога претседаваше со ЕУ, што е потврдено и во многу говори на премиерот Бојко Борисов и на министерката за надворешни работи Екатерина Захариева кога ги убедуваа другите членки дека треба да се даде зелено светло за преговори.

Димитров вели дека Германија интензивно работи да се најде решеие и за време на германското претседателство со ЕУ, Македонија да ги почне преговорите.

Треба да најдеме европски решенија, мора да одиме кон Еворпа со европски решенија. Ова не е последен КОРЕПЕР, ќе видиме што ќе се случи во наредните денови. Макеоднија е целосно посветана на евроинтеграцијата и на Договорот за пријателство, додаде Димитров.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This