April 27, 2024, 11:40 am

ДИМИТРОВ НЕ УСПЕА ДА ГИ УБЕДИ КОСОВСКИТЕ ВЛАСТИ:И денес стотици тони овошје и зеленчук остана во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи се сретна со државниот врв на Косово не не успеа да ги убеди да ја повлечат одлуката за повисоката царина на земјоделските производи што е на сила веќе три дена.

На заедничката прес конференција со својот колега Пацоли, Димитров рече дека Косово не може да се заштити ако го победи добриот сосед како што е Македонија. Но тој е убеден дека низ брз дијалог ќе го надминеме ова прашање.

И денес стотици тони овошје и зеленчук остана во Македонија . Во Косово влегле само три камиони или вкупно 30 тони земјоделски производи, што е безначајна количина наспрема просекот од двесте тони дневно.

Во иста ситуација се и останатите земји во регионот.  В среда во Белгард ќе се соберат министрите на Македонија, Црна Гора и на Босна и Херцеговина, а домаќинот министерот за трговија Љаиќ, како што дознава телевизија 24, ќе бара Балканот да се здружи со контра мерки кон Косово.

Но познавачите на меѓународната трговија велат дека најлошо сценаријо во моментов е земјите да го направат токму тоа. Но и дека не постои механизам ниту пак некакви санкции кои може во случајов кон Косово да ги преземе Секретаријатот на ЦЕФТА. Останува Владите меѓусебно да се договорат.
Со писма и денес се огласија министерите за економија и за земјоделие со оценка дека косовската мерка е донесена паушално.

Косово ја зголеми царина на 30 насто со што го прекрши трговскиот договор, со образложение дека сака да го заштити домашното производство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This