Димитров од Берлин: Регионот не е во добра форма, paзнишано е европското ветување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако Европската Унија се стреми да биде глобална сила, тогаш прво треба да стане „локална“, односно да го оствари своето влијание во Западниот Балкан, регион што во секоја смисла е интегрален дел, не само географски, истакна вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во своето обраќање на годишниот состанок на Европскиот совет за надворешни односи (ECFR), што се одржува денеска во Берлин.

Токму во овој регион, како што посочи Димитров, Унијата мора да оствари најголема влијание со оглед на силната врска од аспект на трговијата и финансиската помош, но и политичкото ветување за европската перспектива од Солун 2003 година.

Димитров нагласи дека регионот не е во добра форма и оти е разнишано европското ветување. Тој додаде дека е потребно ЕУ да се запраша дали амбицијата да направи разлика на глобалната сцена како играч е кредибилна, без првенствено да делува локално во реигонот.

Интервенцијата на вицепремиерот Димитров на дискусијата на која учествуваа шпанскиот МНР Хозе Мануел Албарес, европската комесарка Јута Урпилаинен и аналитичарот Иван Крастев, како што се наведува во соопштението од прес-службата на Секретаријатот за европски прашања, го сврте вниманието кон политиката на проширување на ЕУ и трансформативната моќ во таа смисла.

– Како член на оваа влијателна заедница, вицепремиерот Димитров го искористи неговото учество за да ја афирмира стратешката важност на процесот на проширување на ЕУ со земјите од регионот од аспект на иднината на Европа, се вели во соопштението.

На состанокот, во текот на денот ќе се дискутира и за односите на Европа и Кина во контекст на иднината на глобалната трговија, на коишто теми меѓу другите учесници ќе се обратат шведската министерка Ан Линде и директорката на Европската комисија, Сабине Вејанд.

Состанокот на Европскиот совет за надворешни односи, што ги обединува највисоките носители на одлуки на континентот, еминентни интелектуалци, претставници на невладиното општество и тинк-тенк заедницата со цел формулирање на координирана и ефективна надворешна политика на Европа како одговор на современите предизвици

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This