ДИМИТРОВ ПОПAPEH ВО БЕРЛИН И ПАРИЗ: Да каже какви пораки добил во Европа?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Комисијата за надворешна политика на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, бара министерот Никола Димитров јасно да и пренесе на јавноста кои се ефектите од неговите посети на европските престолнини, во очекување на датумот за преговори за ЕУ.

„Наместо искрено обраќање до граѓаните во кое ќе ги пренесе добиените пораки од Франција и Германија, шефот на македонската дипломатија употребува криптирана симболика која може да произведе најразлични толкувања

“Напред и нагоре! Упорно, до крај. Да го добиеме ЕУ “проектот” за чистење и реновирање на куќата. Е тогаш, уште поупорно” е ребус-пораката што вчера министерот за надворешни ја сподели на неговиот Фејсбук профил.

„…би било корисно, а секако и од интерес на јавноста, Димитров да открие што му пренесоа соговорниците во Берлин и Париз за очајните обиди на власта да ја заташка аферата Рекет. Или барем срамежливо да нафрли каков е ставот на највисоките владини претставници на Германија и Франција за вмешаноста на високи владини функционери во најголемата криминално-корупциска афера досега.

Конечно, оноа “чистење и реновирање на куќата” за кое пишува, да не се однесувало на укажувањата на Франција и Германија дека е неопходно прочистување, реновирање и дератизација за владиниот кабинет на Заев?“, стои во соопштението на Комисијата а надворешни работи на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This