ДИМИТРОВ ПОТПИШАЛ „ВТОРА ТУРА“ ДИПЛОМАТИ: Разузнавачи од агенција за разузнавање испратени во дипломатски мисии откако го поминале партискиот филтер!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи Никола Димитров потпишал втора тура одлуки за испраќање извесен број дипломати во македонските претставништва во светот, иако претседателските избори веќе се распишани

Според документите до кои дојде Алфа ТВ, првата одлука за избор на кандидати за пополнување на испразнети места во македонските ДКП-а, а по распишан интерен конкурс, Димитров ја потпишал на 19 февруари, а Република дознава дека на 3 март Димитров потпишал нова тура упатувања на дипломати – овојпат претставници на Агенцијата за разузнавање.

Иако Државната комисија за сузбивање на кopупциjaта реагираше дека отвора предмет за сите вакви случаи, сепак Димитров се чувствува удобно да потпише нова тура на упатувања во време кога предизборниот рок е во поодмината фаза.

Според информациите од МНР, последните упатувања воопшто не биле предмет на некаква крајна итност туку се оставени на масата на двоецот Никола Димитров – Виктор Димовски уште од ноември 2018 година, а не биле реализирани досега бидејќи „требало да го поминат партискиот филтер на СДСМ“.

Дали половина година партиска филтрација била доволна за токму во предизборен период да бидат упатени овие лица надвор или станува збор за некакви други цели и задачи кои ги добиле овие луѓе останува на ДКСК да дознае.

Засега нема одговор од МНР за испраќањето нова рунда дипломати. Република испрати прашања до Министерството, но одоговор до овој момент не добивме.

Претходно, одлуката на Димитров од МНР ја правдаа со редовна годишна ротација во ДКП-та.

Согласно прописите, на почетокот на годината се донесуваат одлуки за пополнување на испразнетите места во претставништвата, според утврдена постапка, која започнува во декември претходната година и трае до февруари во тековната година. Најголемиот дел од упатувањата се планирани за втората половина од оваа година. Актуелните одлуки немаат финансиски импликации и се донесени во законски спроведена постапка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This