ДИМИТРОВ СЕ ПРАВДА: Досега секогаш служев на каузата за Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За жал дел од вас се уште се во старото, ќе ве чекам да дојдете во новото, порача шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, реплицирајќу му од собраниската говорница на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски во текот на расправата за неговата интерпелација, која ја поднесе опозициската партија.

Вељаноски му забележа на Димитров дека во неговото обраќање пред пратениците во врска со интерпелацијата цитирал ставови и мислења на светски лидери за Договорот од Преспа, но не ги кажал ставовите на граѓаните. Додаде дека Димитров ставал акцент на оние кои гласале позитивно на референдумот од 30 септември минатата година, но ниту еднаш не ги зел предвид оние кои не се изјасниле.

Димитров  му одговори дека од почетокот на неговата кариера, по завршувањето на Правниот факултет во 1996 година досега секогаш служел на каузата за Македонија. И периодот во Хаг, како што рече, го искористил да се бори за таа кауза кога тогаш била поврзана со пресудата на Меѓународниот суд на правдата во врска со Времената спогодба, но додаде дека заради лошата политика земјава не можела да ја искористи пресудата.

Во еден период на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, решил да си ја напушти професијата , бидејќи тогашната влада фатила свој правец.

-Мора да научиме да служиме на целта, на каузата или на идејата, не можеме да служиме на личност. И ден денес ВМРО-ДПМНЕ не може да расчисти дали ќе и служи на каузата или на лидерот, дури и тогаш кога лидерот го губи компасот. Вашата дрскост да зборувате за мојот карактер говори за вас. Јас за вашиот карактер не сакам да разговарам, му порача Димитров на Вељаноски.

Тој му  реплицираше дека ако на претседателските избори излезат 39 отсто од гласачите и 99 отсто од нив својот глас го дадат за Димитров, тој нема да дојде и да даде заклетва во Собранието, туку ќе има нови избори.

Пред пратениците се обрати и потпреседателката на Собранието од редовите на СДСМ, Фросина Ташевска Ременски, која нагласи дека расправата за интерпелацијата е добра можност да се согледа „дали сме излегле од рововите на квазипатриотизмот и дали сме ги согледале перспективите на Република Македонија“,

Таа истакна дека е потребно да се пронајде константа, која понатаму ќе ги води политичарите и носителите на власта.

Ташевска Ременски ја потенцира улогата на Димитров во градењето на кредибилитетот на македонската меѓународна политика во сферата на меѓународните односи и секако во однос на евроатлантските перспективи на земјата и нејзиниот имиџ.

-Се може да кажете, да му залепите секакви епитети, ама не можете да му оспорите една константа, а тоа е Република Македонија, рече Ташевска Ременски нагласувајќи дека Димитров е еден од ретките министри за надворешни работи, кои имаат храброст, визионерство и знаење да затворат еден ваков децениски спор.

Расправата по интерпелацијата на Димитров ќе продолжи по паузата, која ја прогласи собранискиот спикер Талат Џафери, а која ќе трае до 15 часот. За збор за пријавени уште 19 пратеници.

Морална, професионална и политичка одговорност побара опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ со поднесената интерпелација за шефот на македонската дипломатија. Му забележуваат дека функцијата ја извршува несовесно, нестручно и спротивно на македонските интереси,  го обвинуваат за двата договора – со Бугарија и Грција, со кои нагласуваат се загрозуваат македонските интереси, а особено за тоа што опозицијата не била вклучена во овие процеси.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This