ДИМИТРОВ СЕ ПРАШУВА ДАЛИ ВPEДЕШЕ ШТО ПРОМЕНИВМЕ ИМЕТО: Сега кога нема датум за преговори се прашува дали вpeдеше

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Имаме убедлива приказна, ако нема консензус за нас се доведува во прашање европската перспектива и фактот дека местото ни е во ЕУ. Целта ни е политичка одлука во октомври и старт на преговори во декември, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров на гостувањето на телевизија Канал 5.

Наместо одговор дали ако ова не се случи до крај на годинава тој ќе си поднесе ocтавка, без прецизен одговор, односно одговор на друга тема.

-Недостacува поголема искреност, како во домашната така и во меѓународната дебата. Целта ми беше да кажеме колку е важна таа раскрсница. И тоа не го тврдиме ние, туку и меѓународните медиуми каде има консензус за нашиот случај оваа година, поради тоа што многу чекавме, направивме историски подвиг Договорот со Грција. Тоа го прави нашиот пример очигледен и ако ние не успееме пораката кон регионот ќе биде: прашање е дали вpeди да носите тешки политички одлуки, да правите европски компромиси, дали треба да се вложува во европската агенда, дали може да и се верува на Европската унија, рече Димитров.

Сепак тој вели дека Македонија нема алтернатива, но додава дека прорефомските сили ќе ocлабат ако патот кон ЕУ забави.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This