ДИМИТРОВ СО СРЦЕПAPAТЕЛНА ПОРАКА: Испорачаното од земјава е за почит и треба соодветно да биде валоризирано од ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Испорачаното досега од земјава e за почит и тоа треба соодветно да биде валоризирано од страна на ЕУ што е можно поскоро, истакна еврокомесарката за правда, потрошувачи и родова еднаквост, Вера Јоурова изразувајќи поддршка за нашите ЕУ аспирации на денешната средба во Скопје со шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Како што соопшти МНР, министерот Димитров најнапред и упати честитки на Јоурова за новата позиција во новиот состав на Европската комисија, како надлежна за портфолиото – европски вредности и транспарентност, кои се, посочил, од особена важност за македонските граѓани и кон чија целосна реализација се стреми македонското општество.

Притоа, се додава, тој ја потврди одлучноста да се продолжи по тој пат и покрај разочарувачкиот исход од октомврискиот ЕУ Самит. Во тој контекст беа разменети мислења и за домашните случувања, како и за очекувањата и следните чекори поврзани со ЕУ агендата, стои во соопштението.

Еврокомесарката Јоурова престојува во земјава по повод Министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи, организиран под покровителство на Финското претседателство со ЕУ, што се одржува денеска и утре во Скопје.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This