Димитров – Христодулидес: Развојот на билатералните односи ќе почне со бизнис и економските врски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Главна причина за мојата посета е да пренесам силна политичка порака од земја членка на ЕУ за европската перспектива на Северна Македонија. Земјата направи навистина сериозни напори за напредок на реформската агенда и исполнување на критериумите и сега на ред е ЕУ, изјави министерот за надворешни работи на Кипар Никос Христодулидес на прес-конференција по средбата со шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Кипарскиот министер изрази задоволство што напорите на нашата земја се јасно препознаени во извештајот на Европската комисија објавен пред два дена, во кој се вели дека Македонија испорачала значителни резултати во остварување на реформите за приближување кон ЕУ, нагласувајќи дека тоа ќе биде земено предвид на претстојниот европски самит.

Христодулидес, кој е прв шеф на кипарската дипломатија во посета на нашата земја, посочи дека првиот амбасадор од Република Кипар во Македонија до крајот на следната недела треба да ги достави акредитивните писма, а очекува истото да го стори и нашата земја.

– Разговаравме за темите кои се поврзани со развојот на нашите билатерални врски и можностите кои стојат пред нас за отворање. Има голем интерес од кипарските бизнисмени за инвестирање во вашата земја и се договоривме да организираме бизнис форуми во Скопје и во Никозија. Договоривме потпишување на договор за избегнување на двојно оданочување, изјави Христодулидес.
Вашата земја, нагласи Христодулидес е добро позната во Кипар, каде еден од најдобрите фудбалери, Иван Тричковски е од Македонија.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, од своја страна, рече дека ова е историска посета на кипарски МНР на нашата земја, што следи по воспоставување на првите дипломатски односи меѓу Македонија и Кипар пред шест месеци.

– Имавме многу отворен, пријателски и плоден разговор, во најголем дел насочен кон европскиот пат на нашата земја и напорите за отворање на преговорите, по решавање на тешките прашања и реформите препознаени во најновиот извештај, изјави Димитров.

Празните страници од меѓусебната соработка, посочи Димитров, ќе ги пополниме со позитивна соработка во сите сектори.

– Ќе почнеме со бизнис и економските врски. Набрзо ќе го постигнеме и нашиот прв билатерален договор за избегнување на двојно оданочување. Во втората половина од годината ќе разговараме и за тоа како да ги зближиме бизнис заедниците од двете земји, изјави Димитров.
Кипарскиот министер Никос Христодулидес денеска претходно беше примен и од претседателот на државата Стево Пендаровски, а предвидено е да оствари средба и со премиерот Оливер Спасовски.

Latest News

Elevate Your Gaming Experience with 55Club

In the ever-evolving world of gaming, where skill, camaraderie, and professional expertise converge, the 55Club stands as a beacon...

More Articles Like This