ДИМИТРОВ : Ќе побарам од Спасовски да предложи разрешување на Мизрахи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И мене не ми се допаѓа проектот „Скопје 2014“, но секојдневно одам во Министерството на работа, рече на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Никола Димитров.

Тој ова го упати на адреса на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, која ја обвини поради тоа што ја отстранила официјалната табла на Министерството на кое е напишано уставното име на државата – Република Северна Македонија.

Димитров истакна дека на 7 јануари Грција испратила вербална нота токму за овој инцидент.

„Ова претставува грубо прекршување на Договорот од Преспа и доаѓа по повторени прекршувања на Договорот од страна на министерот за труд и социјална политика и од министерот за внатрешни работи. Амбасадата го посочува фактот дека Договорот од Преспа мора да биде доследно и посотојано почитуван“, пишувало во вербалната нота.

Министерот побара од премиерот Оливер Спасовски да предложи разрешување на Мизрахи од министерската функција.

– Мислам дека ќе биде премногу да очекуваме од министерката Мизрахи да го разбере историското значење на Преспанскиот договор за афирмација на македонскиот идентитет, за зачленувањето на земјава во НАТО и во ЕУ. Но, таа е должна да ја разбере сопствената заклетва потпишана во Собранието и сопствената функција. Кршењето на Уставот повлекува политичка и правна одговорност. Доколку веднаш своето делување не го врати на линија и во рамките на Уставот, му сугерирам на претседателот на Владата, Оливер Спасовски, да предложи нејзино разрешување до Собранието. Укажувам дека во нејзиното делување има елементи кои можат да повлечат и кривична одговорност – рече Димитров.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This