ДИМОВСКИ: Разрешувањето на Зврлевски е класичен реваншизам

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, денешната иницијатива за разрешување на Јавниот Обвинител претставува класичен пример на партиски реваншизам.

Тој истакна дека не е изненаден од образложението на претставникот на владата кое траело пет или шест минути, време кое е прекратко за да образложи волку сериозна одлука. Тој додаде дека образложението од владата е препишан текст од неколку прес конференции на СДСМ и нема ниту еден податок, бројка, нема анализа за капацитетите на работа и за стандардите, нема ниту мерит систем единствено нешто кое го има владата  како аргумент е партискиот реваншизам.

,,Денешната иницијатива е класичен партиски реваншизам, што е во насока на сето она што го гледаме во почетокот на мандатот на оваа влада. Тоа не е веројатно одлика на претставникот на владата, но е генерална карактеристика на целата влада.’’- изјави Димовски.

Илија Димовски истакна дека спротивно на законот се назначија директори во еден куп агенции како на пример на Агенцијата за администрација и Управата за Јавни Приходи. Со тоа на јавноста и е јасно дека СДСМ нема намера да се исполнат предизборните ветувања за департизација, подигнување на ефикасност и квалитетот на работа на институциити. Намерата на СДСМ е груба партизација и читање на прес конференции за вакви сериозни теми и одлуки.​

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This