April 27, 2024, 10:28 pm

Димовски: “Цeлиoт зakoн зa пoпиc e нeлoгичнocт”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вчерашната емисија на Канал 5, “Само вистина”, гостуваше Илија Димовски каде коментираше во однос на законот за попис кој треба да се реализира оваа година. Димовски потенцираше дека целиот закон е нелогичен затоа што ова не е закон за попис на населението на Македонија, туку дека ова е закон за утврдување на бројот на државјани на земјава.

“Целиот закон е нелогичност, затоа што ова не е закон за попис на населението во Република Македонија, ова е закон за утврдување на бројот на државјани на Република Македонија. Уште во самиот наслов на законот, во првите неколку члена кога ќе читате по дефиниции што ќе се попишува, вели ќе се попишуваат државјани. Смислата на постоење на попис, не е да има попис на државјани заради што таква евиденција има прецизно во Минстерството за внатрешни работи. Точната бројка е 2.502.000 државјани на Република Македонија. Оваа бројка беше пред околу еден месец, месец и половина, ние тој податок го имаме. Смислата на постоење на попис во сите нормални држави е да се утврди бројот на населението кое што живее во Македонија. Ние нема да дојдеме до таа бројка поради тоа што овој закон таков каков што е поставен воопшто не го бара тоа затоа што политичката елита на власт се плаши од резултатите на пописот од апсект на големите миграции кои што се случуваат последниве триесетина години и непредвидиливоста на бројките од аспект на етникчата застапеност на сите заедници во Република Македонија и можните реперкусии по начинот на тоа како Република Македонија функционира.” – истакна Илија Димовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This