Димовски: Tepминoт македонска/македонски/македонско ce бpишe yштe co ycвojyвaњeтo нa Преспанскиот дoгoвop

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил објави слисок на институции каде е избришано „Македонска“, „Македонско“ или „Македонски“.

Ова е веќе избришано:

“Македонска” опера и балет

“Македонска” радиотелевизија

“Македонски” шуми

“Македонска” филхармонија

“Македонски” народен театар

“Македонска” пошта

“Македонска” информативна агенција

“Македонски” железници

“Македонска” банка за поддршка на развојот

“Македонска” радиодифузија

Терминот македонска/македонски/макеоднско се брише низ Република Македонија, уште со усвојувањето на Преспанскиот договор…Не смееме ниту (во наше поимање на идентитетот и терминот македонски/а/о) да ги користиме:Македонски КостурМакедонски ЛеринМакедонско Пуштено ороМакедонска песна Мори чупиМакедонски солунски дијалектМакедонска носија од НегушМакедонско село Баница (било кое од двете, кај Лерин или Серес)Македонска архитектура од ВоденМакедонски бегалци од ДрамаМакедонски војвода Апостол Петков ТерзиевМакедонски поет Лазар Поп ТрајковНа сите на кои не им било јасно, или сеуште не им е јасно, идентитетските придавки македонски/македонска/македонско веќе подолго време се на маса за раскрмчување со балканските соседи…Таму каде што смееме да ги користиме ни се зададени точно на што тоа се однесува, и на што особено не се однесува и како само и единствено смееме да ги користиме.Затоа, нека не ве чудат барањата на Бугарија. Тие се за осуда, но сами сме си криви.Подолу, појаснување на сите забрани, ограничувања, граници и објаснувања за употребата на терминот македонски/а/о за нас:Во член 7, точка 1 од Преспански договор: “Страните прифаќаат дека нивното односно разбирање на термините „Македонија“ и „македонски“ се однесува на различен историски контекст и културно наследство.”Односно, страните, а и ние во тоа име, прифаќаме дека под термините “Македонија” и “македонски” постојат различни разбирања, верификуваме бивалентност на името и идентитетската придавка.Да потсетам дека некои од членовите на бугарската комисија побара мултивалентност на термините македонска/и/о);Веднаш подоле во член 7, точка 2 (мислејќи на Грција како Прва страна) од Преспанскиот договор се вели: “Во однос на Првата страна, овие термини ја означуваат не само областа и народот во северниот регион на Првата страна, туку и нивните одлики, како и елинската цивилизација, историја, култура и наследството на тој регион од антиката до денешен ден.”Со оваа точка се што е наследство (општа и сеопфатна широчина на терминот наследство) на северниот регион (егејска Македонија), но и дополнително и специфично одликите, елинската цивилизација, историјата и културата (под култура исто така општо и широко значење на терминот) од антика, но и до ден денес, кога се користи терминот македонски/а/о се однесува на “различен културен контекст и културно наследство” од нашето разбирање на истите термини.Во превод, викајте македонски (за она што воопшто ви дозволуваме), ама тоа има значење само за и од вашата територија.Под него, во член 7, став 3 се вели: “Во однос на Втората страна, овие термини ја означуваат нејзината територија, јазик, народ и нивните одлики, со нивната сопствена историја, култура, и наследство кои се особено различни од оние кои се наведени во член 7, став (2).”Односно, тоа што ние подразбираме за македонски/а/о се однесува само за нашата територија, јазикот овде, народот овде и одликите од овде, со потенцира историјата, културата и наследството кои се ОСОБЕНО РАЗЛИЧНИ од оние кои се наведени за северниот регион (егејска Македонија).Во превод, термините македонски/а/о како јазични и идентитетски придавки за над и под границата имаат ОСОБЕНО РАЗЛИЧНО значење. Песните, јазикот, обичаите, носиите, архитектурата сме прифатиле дека се особено различни.Подолу, во член 7, став 4 се потцртува за јазикот: “Втората страна изјавува дека нејзиниот официјален јазик, македонскиот јазик, спаѓа во групата на јужнословенски јазици. Двете Страни изјавуваат дека официјалниот јазик и останатите одлики на Втората страна не се поврзани со античката елинска цивилизација, историја, култура и наследство од северниот регион на Првата страна.”Односно, кога велиме македонски јазик, подвлекуваме (дообјаснуваме) дека е од групата јужнословенски јазици,Но, дополнително, велиме дека нашиот јазик и останатите наши одлики (не е можно да смислат поширок термин за идентитет) не се поврзани со античката елинска култура, но и со историјата (Негушко востание, основање на ВМРО, Гемиџиите, Гоце Делчев, Апостол Петков Терзиев, Васил Чакаларов, Лазар Поп Трајков, Александар Турунџев, Димитар Влахов, Фуштани,…), културата (7/8 такт, орото Ибраим Оџа, Дафино вино црвено, Пуштено оро, Филка мома, Локвата и Вињари, За македонцките работи,…) и наследство (обичаите, носиите, истата наша архитектура од Воден и Костур,…) од северниот регион на Првата страна (егејска Македонија).Во превод, сме се откажале како неповрзани со нас, од се ова погоре (и од многу друго ненаброено).За државјанство терминот МАКЕДОНСКО, обавезно оди слеано и заедно со “/граѓанин на Република Македонија”, член 1, став 3, точка б) од Преспа.Не е дозволено употребување на првото, без второто.За јазикот, терминот МАКЕДОНСКИ, според член 1, став 3, точка в) пак дадено е насочување дека што тоа значи МАКЕДОНСКИ (за јазик) е опишано во член 7, став 3 и 4 од Преспански договор, каде што појаснивме дека се однесува на нашата територија и е ОСОБЕНО РАЗЛИЧНО од поимањето на истиот термин од Првата страна (Грција), нејзината историја, култура и наследство.Очигледно е дека дури и книгата “За македонцките работи” од Крсте Петков Мисирков, која не е настаната на територија на Република Македонија, а има автор кој е роден во северниот регион на Првата страна (Грција) и никогаш не живеел на територија на денешната Република Македонија ние не би имале слобода да ја класифицираме како македонско наследство, македонска култура, корен на македонскиот јазик според нашето (со договор) дадено право за разбирање на терминот македонски/а/о.Придавките македонска/и/о во однос на државата, нејзините државни и јавни органи и институции ќе бидат или во согласност на новото име или со додавање на “на Македонија” според член 1, став 3, точка ѓ).Не само забрана за македонски/а/о за институции (театар, телевизија, опера,..), туку и за државата не смееме да кажеме МАКЕДОНСКА ДРЖАВА.Придавката македонски/а/о за недржавни ентитети може да се користи само со разбирањето и толкувањето погоре за особената разлика, наследство,…Придавките македонски/а/и за недржавни ентитети кои се финансираат со пари од државата не смеат да се користат, како и за државните институции.За комерцијална намена, трговски марки и заштитни марки на името Македонија, но и терминот македонски/а/о се формира меѓународна група на експерти која треба да одлучи до 2022 година (македонски вина, македонски ајвар, македонски тутун,…)

❗Ова е веќе избришано:"Македонска" опера и балет"Македонска" радиотелевизија"Македонски" шуми"Македонска"…

Posted by Ilija Dimovski on Saturday, December 5, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This