ДИПЛОМАТСКА ОФAHЗИВА: Николоски на средба со Сенаторите од партијата на Салвини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во рамките на својата работна посета на Рим, утрово Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски оствари работна средба со Сенаторот Масимо Кандура и Сенаторот Емануел Пелегрини.

Сенаторот Емануел Пелегрини и сенаторот Масимо Кандура се дел од парламентарната делегација на Италија во парламентарното собрание на НАТО и се членови во комитетот за Правда на Република Италија. Сенаторите Кандура и Пелегрини се членови на највисокото раководство на партијата Лега на Салвини, а Сенаторот Кандура е и директор на Фондацијата Италија – Соединети Американски држави.
На средбата се разговараше за продлабочување на соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и партијата Лега, како две партии од десниот политички спектар како и подобрување на односите помеѓу Македонија и Италија, информираат од партијата.

Беше констатирано дека и Македонија и Италија се соочуваат со истите проблеми кога владее левицата. Корупција, нарушување на системот на владеење на правото, миграција како и силно влијание на политиките на Сорос.

Договорено е двете партии да продолжат со соработката. При што партијата Лега ќе оствари и возвратна посета на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија во следните месеци, а договорено е и средба на највиско ниво во блиска иднина.

Николоски исто така ги информираше соговорниците за корупцискиот скандал „Рекет“, лошата економска состојба и катастрофалните економски политики на Владата, како и слабата реализација на реформи, за зголемиот криминал и корупција во Република Македонија. Беше констатирано дека ова лошо владеење мора да заврши со оставка на Владата на Заев и брзи предвремени избори, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This