Директорот на ГТЦ тврди: Во нашите објекти не се краде струја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

АД ГТЦ СКОПЈЕ е во мнозинска сопственост на државата, а извршниот директор го именува Владата. ГТЦ поседува над 500 локали, од кои дел се во сопственост на ГТЦ, а дел се приватизирани. Гледано во проценти, деловен простор кој е приватизиран е помеѓу 65 – 70 отсто. Во однос на процентот на акциите, 97 отсто се во сопственост на ГТЦ. Приватизацијата на просториите во објектот е почната во 1996 година па наваму.

Магацините се мал дел во сопственост на ГТЦ, а останатите се продадени. Во конкретниот случај магацинот за кој се изрази сомневање за копање крипто валути е во сопственост на ГТЦ. Просторот е изнајмен согласно сите сите процедури и се врши редовна исплата на наемнината. Ние немаме право да контролираме што се случува во магацинските простории, вели за Утрински брифинг директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски.

Морам подетално да објаснам постојат три начини на мерење на потрошувачката на електрична енергија, директно, полудиректно и индиректно. Директоно се мери 85 проценти со стандардните апарати. Останатото е за оние корисници кои имаат потреба од повлекување дополнително количество електрична енергија. Тие имаат посебни саати кои го мерат протокот и потрошената енергија. До ГТЦ стигаат две фактури, едната од нив е за испорачана електрична енергија. Договорот со ЕВН е врз основа на јавна набавка, појаснува Трајчевски.

Одговорно тврдам дека во нашиот објект нема крадење струја, вели тој.

Познавачите на делот во енергетика знаат дека фактор триесет се однесува на поголемите потрошувачи и кај нив цената поради поголемата потрошувачка се наплака за 30 проценти поскапо за дополнителната услуга и тука настанува забуната, вели Трајчевски.

Тој додава дека непријатно е што во медиумите се шпекулира и се пласираат невистини за ГТЦ, оти сѐ е регулирано, рече за УБ директорот на ГТЦ АД Скопје, Ѓоко Трајчевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This