Директорот на пpилeпcкaтa бoлницa д-p Богoeвски до пpилeпчани: Не тpчajте да се тecтирате, ако имате cимптoми ceдете дoмa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Чуден совет денеска упати првиот човек на прилепската болница Драган Богоевски до прилепчани жалејќи се дека голем број на пациенти доаѓаат непотребно да се тестираат од КОВИД 19, како и дека ако еден од семејството е позитивен сите во фамилијата трчат да се тестираат,но како што рече оние кои што имаат симптоми треба да седат дома да се изолираат и да им се препише терапија, а доколку им се влоши состојбата да се јават во инфективното одделение.

Идат многу пациенти непотребно за тестирање, ако еден е позитивен во фамилијата сите трчаат да се тестираат, нема потреба. Нека седат дома ако има симптоми терапија нека му се препише и тоа е тоа. Не е можно во фамилијата ако едниот е позитивен, другите да не се и тие позитивни затоа што во фамилиите нема заштитни мерки, вели директорот на прилипеската болница. Доколку им се влоши состојбата да се јават на инфективното одделение каде што ќе бидат примени и тестирани. Во меѓувреме ако се со лесни симптоми согласно протоколите на Министерството за здравство во изолација 14 до 21 ден спрема проценките на матичните доктори, вели првиот човек на прилепската болница Богоевски.

Од друга страна пак, прилепчани не се согласуваат со ваквиот став на Богоевски, нагласувајќи дека сметаат дека сите треба да бидат тестирани и да им се овозможи лекарски преглед бидејќи според нив ненавременото и несериозно сфаќање на болеста на граѓаните, како и ненавремената хоспитализација е еден од главните фактори за огромниот број на смрттни случаи, не само во Прилеп туку и во цела држава.

Не го поддржувам тоа мислење, треба да се тестираме за навремено да реагираме, затоа што сите случеви велат дека е од ненавремено реагирање, вели една прилепчанка.

Одма треба да се прегледаме и тестираме, за здравјето на другите луѓе и да се преземат мерки предвреме дури не стане касно, додава друг граѓанин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This