ДИРЕКТОРОТ НЕ СЕ ЧУВСТВУВА ВИНОВЕН: Законот за двојазичност објавен во Службен весник!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на ЈП Службен весник Мартин Костовски во изјава за Лидер вели дека не се чувствува одговорен што се објави Законот за употреба на јазиците во Службен весник, кој не беше потпишан од претседателот Ѓорѓе Иванов, туку доцна синоќа го потпиша претседателот на Собранието Талат Џафери.

-Иванов го прекрши Уставот со непотпишувањето, а не јас. Токму затоа не чувствувам никаква одговорност. Ние со фуснота дополнивме зошто законот беше објавен со потипис од Талат Џафери. – ни одговори Костовски во кратикиот телеофнски разговор во кој ни најави дека наскоро ќе има соопштение од Службен весник.

Правните експерти тврдат дека Костовски може да се соочи со Злоупотреба на службена должност, фалсификување на документи и неколку други кривични дела доколку го објави Законот за употреба на јазиците без потпис од претседателот.

Тие велат дека Костовски ќе се соочи со сериозни правни процеси за кои може да помине долго време в затвор.

Според експертите македонските закони не можат да бидат појасни, без указ од претседателот тие не можат да стапат во сила.

Костовски кој важи за близок на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за директор на ЈП Службен весник беше именуван пред 18 месеци.

Костовски е дипломиран правник на државниот универзитет Кирил и Методиј, а девет години бил заменик раководител на секторот за евроинтеграции во Општина Куманово.

Инаку ВМРО-ДПМНЕ исто така вчера реагираше што ќе се случи ако се објави Законот без потпис од Иванов.

-Го предупредуваме директорот на Службен весник, Мартин Костовски, дека објавувањето на законот за јазици во Службен весник е кривично дело кое не застарува и за кое се лежи казна затвор и ја носи директно директорот на Службен весник, а потоа и сите инволвирани. Сите инволвирани ќе сносат одговорност за насилното кршење на законите, процедурите и уставноста при носење на истите закони, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на одлуката на претседателот на Собранието, Талат Џафери да го потпише Законот за употреба на јазиците и да го испрати до Службен весник – реагираа од ВМРО-ДПМНЕ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This