Директор на Фајзер: Пaндемијата во САД би можела да заврши до 4. јануари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Членот на одборот на директори на компанијата „Фајзер“, д-р Скот Готлиб, за „Си-ен-би-си“ изјави дека пандемијата во САД би можела да заврши во јануари.

До 4 јануари оваа пандемија би можела да заврши. Тогаш влегуваме во ендемската фаза на вирусот – изјави д-р Готлиб.

Инаку, 4 јануари е датата кога стапува во сила мерката на администрацијата на Бајден дека сите во фирмите со најмалку 100 вработени мора да бидат вакцинирани.

Од „Фајзер“ вчера соопштија дека нивниот лек против Ковид-19 е ефикасен 89 отсто во превенцијата од ризикот за хоспитализација и смртен исход, на што укажуваат првите резултати од клиничките испитувања.

Преодната анализа покажа дека за 89 отсто се намалува ризикот од хоспитализација и смртен исход во врска со Ковид-19 од која било причина во однос на плацебо кај пациентите што го примале лекот првите три дена по појавата на симптомите – објавија од „Фајзер“.

Овие резултати ги надминуваат тие што ги објави „Мерк енд ко“ за својот лек молнупуравир, за кој се покажа минатиот месец дека ги преполовува изгледите за смрт или хоспитализација за пациентите заболени од Ковид коишто имаат висок ризик за тешко заболување.

Антивирусните лекови претставуваат додаток на вакцините кои штитат од Ковид-19.

Првите резултати на Фајзер се засновани на клиничките испитувања на нешто повеќе од 1200 пациенти што имале Ковид-19 и ризик за развој на потежок облик на болеста како што се дебелината или возраста. Неколку дена по појавата на првите симптоми дел од нив го примиле лекот на „Фајзер“, а другите плацебо.

Се покажало дека 0,8 отсто од тие што го добиле лекот на „Фајзер“ во рок од три дена од појавата на симптомите биле хоспитализирани, а никој од нив не умрел во период од 28 дена од третманот. Во споредбената група за плацебо-пациенти такви имало 7 отсто со седум смртни случаи.

„Фајзер“ објави дека планира првите резултати за својот лек „колку што е можно порано“ да ѝ ги предаде на Американската агенција за храна и лекови (ФДА), пред да побара авторизација.

Оваа објава на „Фајзер“ стигна само еден ден откако беше објавено дека Обединетото Кралство стана првата држава што против корона вирусот го одобри лекот молнупиравир, што го разви фармацевтската компанија „Мерк енд ко“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This