ДИЈАСПОРАТА МУ СЕ НАЛУТИ НА КОЧО: Анѓушев ги навреди Македонија и македонскиот народ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лига на македонски Американци (ЛОМА) ја осуди вчерашната изјава на вицепремиерот Кочо Анѓушев дека за него се прифатливи додавките „северна“, „горна“ и „нова“ за името на државата, оценувајќи ги како навреда за Македонија и за македонскиот народ.

„ЛОМА безрезервно го осудува македонскиот вицепремиер Кочо Анѓушев за изјавата дека тој е подготвен да прифати Северна, Горна или Нова Македонија како име за Македонија. Г-дин Анѓушев смета дека е неопходен компромис за името на Македонија за Македонците да им се приклучат на ЕУ и на НАТО и оти македонските власти имаат одговорност да најдат решение за спорот за името. Сепак, г-дин Анѓушев апсолутно греши – како висок владин претставник, г-дин Анѓушев има одговорност да го брани името на Македонија по секоја цена и да не го разменува за илузии за економски можности и безбедност“, се вели во реакцијата на здружението на македонски иселеници во САД.

„Познатиот основач на САД, Бенџамин Френклин, еднаш рекол: ‘Оние кои ќе се откажат од суштинската слобода за да купат мала привремена безбедност не заслужуваат ниту слобода ниту безбедност’. На г-дин Анѓушев би му било од корист да го послуша советот на г-дин Френклин: Македонците не треба да го жртвуваат своето право на самоопределување со цел да се приклучат на институции кои не се подготвени да ги третираат праведно и еднакво. Г-дин Анѓушев, како македонски функционер, има обврска да застане во одбрана на македонскиот народ и на неговите слободи со неподлегнување на шовинистичката и дискриминаторска агенда наметната од Грција и со нетргување со македонското име за членство во елитистички организации. Г-дин Анѓушев треба да има храброст да застане и да каже: ‘Ако ЕУ и НАТО нè сакаат, тогаш ќе мора да нè прифатат како еднакви’“, се додава во соопштението објавено на вебстраницата на ЛОМА и дистрибуирано преку социјалните мрежи.

„Коментарите на г-дин Анѓушев се навреда за Македонија и за македонскиот народ. Со неговите коментари, македонската нација и идентитет добија уште еден удар. Г-дин Анѓушев повлекува црвена линија за промената на идентитетот на Македонија, но не сфаќа дека менувањето на нашето име ќе го промени нашиот идентитет. Кога македонските официјални претставници и граѓаните ќе сфатат дека моќта да се одреди својата судбина лежи во сопствените раце, а не во ултиматумите на Грција и на Европа?“, продолжува реакцијата.

„Македонците можат да имаат своја слобода, безбедност, просперитет, идентитет и име – тие едноставно мора да го бараат тоа. Ако нашите предци можеле да се откажат од своите животи за нашата слобода, тогаш можеме барем да ги почитуваме тие жртви со тоа што нема да ги превртуваме успесите и напредокот на нашите предци. За сите Македонци кои имаат две нозе и глас: застанете и зборувајте! Нашето име е Македонија и нема да се промени!“, стои во реакцијата на ЛОМА.

Според проценките на американското Биро за попис, во 2013 година во САД живееле 49.446 Македонци.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This