ДИЈАСПОРАТА САКА ДА ГО КУПИ „ЌОСЕТО“: Македонците од Австралија спремни да го купат споменикот на Ќосето од град Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Копретседавачот на Светски македонски конгрес-Австралија, Џим Стефаноски, и Горан Котев покажаа интерес за зачувување на споменикот на Андон Лазов Јанев-Ќосето и за негово безбедно преместување на друга локација во Република Македонија – пренесува порталот „Експрес.мк“

Фото: Фокус.мк

Гласините дека споменикот, кој беше донација на Град Скопје, ќе биде или релоциран во бугарскиот град Благоевград или ќе биде уништен во топилница, го поттикнаа СМК-Австралија да ѝ понуди на „администрацијата на Заев“ да го купи споменикот.

„Ќосето му припаѓа на македонскиот народ. Светски македонски конгрес и Македонците од Австралија сакаат да дадат понуда за купување на споменикот за Ќосето да остане во Република Македонија. Не сакаме да видиме тој да ја напушти земјата и сигурно не сакаме да видиме целосно да биде уништен“, изјави Стефаноски.

Отстранувањето на споменикот на македонскиот револуционер во соопштението на СМК-Австралија се споредува со „Кристална ноќ“ во нацистичка Германија, кога беа запалени книги и културни артефакти на еврејската нација.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This