ДИЈАСПОРАТА ЌЕ БОЈКОТИРА: Обединетата Македонска Дијаспора повикува на бојкот на референдумот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обединета македонска дијаспора (ОМД) се приклучи на бојкотот на референдумот и истакна дека бојкотот на референдумот закажан на 30 септември е единствен достоинствен одговор.

„На незаконски начин, кој отстапува од уставните одредби и од Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија, претседателот на Собранието, Талат Џафери, распиша консултативен референдум со 68 гласови ЗА и без ниеден глас ПРОТИВ или ВОЗДРЖАН. Владејачкиот блок на СДСМ, ДУИ и БЕСА, без присуство на пратениците од опозициската ВМРО-ДМПНЕ, усвои референдумско прашање кое гласи: ‘Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?’, се вели во соопштението на ОМД.

Од ОМД потенцираат дека ваквото прашање е манипулативно и крајно неприфатливо, вака поставеното прашање служи за да се прикрие крајната цел, а тоа е промената на уставното име на државата и бришење на македонската посебност и историја. Според здружението при усвојувањето на референдумското прашање се погазени и демократските принципи, бидејќи власта самоволно одлучила референдумот да биде консултативен и не консултирала никого како ќе гласи прашањето на референдумот.

,,Следствено, со цел зачувување на достоинството на Република Македонија и спречување на политичкото самоволие, ставот на ОМД, како најголема организација на Македонците надвор од Македонија, отсекогаш бил против референдум за промена на уставното име, како резултат на што и во оваа пригода изразува поддршка и се приклучува кон кампањата на глобалното непартиско движење ‘Ние Сме Македонија’ за бојкот на референдумот распишан за 30 септември 2018 година“, велат од ОМД

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This