Дневен xopockoп за сабота (26. декември 2020)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ОВЕН

Работа: Се потпирате на интуицијата во текот на носењето на одлуки и соработка со колегите.

Љубов: Одржувате редовна комуникација со поранешниот партнер. Очекувате отворено да ви понуди продолжување на врската, и вие да прифатите.

Здравје: Стабилно здравје.

БИК

Работа: Имате нереален поглед на работата, па такви ви се очекувањата и плановите.

Љубов: Емоциите жестоко ви проработиле. Заинтересирани сте за влез во врската, но не сакате да вршите притисок на симпатијата.

Здравје: Внимавајте на исхраната.


БЛИЗНАЦИ

Работа: Вашата работа ја чувате во тајност. Се плашите дека некој може да ви ја украде идејата. Стигнуваат парите кои сте ги чекале.

Љубов: Толку сте вљубени, што на симпатијата и е јасно какви чувства имате.

Здравје: Добро се чувствувате.


РАК

Работа: Носите одлука за прекин на соработката. Имате впечаток дека сте изгубиле премногу време и нерви, а дека ништо не сте добиле.

Љубов: Пред вас е ново познанство. Другата страна сака подобро да се запознаете.

Здравје: Бубрезите се чувствителни.


ЛАВ

Работа: Успешно го завршувате работниот проект. Се чувствувате исцрпено. Последниот атом од енергијата сте го вложиле во работа.

Љубов: Односот со брачниот партнер е стабилен. Партнерот сака да разговара со вас за финансиите.

Здравје: Ве мачи реума.


ДЕВИЦА

Работа: Неочекувано добивате понуда од која не сте во целост задоволни. Првиот впечаток е дека нема да ја прифатите.

Љубов: Не сте сигурни во своите чувства кон партнерот. Посигурни сте во неговите емоции кон вас.

Здравје: Лоша циркулација.


ВАГА

Работа: Шармантни сте, интелигентни и на провокативен начин ја претставувате својата понуда.

Љубов: Имате потреба за константна комуникација со саканата личност.

Здравје: Можен дисбаланс на хормоните.


ШКОРПИЈА

Работа: И натаму не ги решавате проблемите. Тоа негативно влијае на вашата самодоверба.

Љубов: Задоволни сте од односот со саканата личност.

Здравје: Главата е чувствителна.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Генерално сте оптимистичка личност, но денеска претерувате. Очекувате огромната количина на обврски, да ја одработите во ограничен период.

Љубов: Партнерот пробува да влијае на вас и да ве опушти кога се во прашање финансиите.

Здравје: Солидно здравје.


ЈАРЕЦ

Работа: Презадоволни сте од понудата која ви стигнала. Сигурни сте дека ќе ја прифатите.

Љубов: Брачниот партнер е задоволен од промената на вашето однесување. Се враќа надежта дека бракот може да се спаси.

Здравје: Стабилно здравје.


ВОДОЛИЈА

Работа: Го криете приливот на пари. Со надредената личност разговарате за новиот проект, кој ви делува интересно.

Љубов: Бракот го сметате за стабилен, а партнерот единствен и незаменлив.

Здравје: Стабилно здравје.


РИБИ

Работа: Ситуацијата е стабилна и нема никакви потешкотии. Задоволни сте од соработката со странците.

Љубов: Ве очекува ново, интересно познанство.

Здравје: Добро се чувствувате.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This