Драга мајко, остави дел од себе за себе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Остави малку од себе за себе. И она едно „сè е во ред“ остави го за себе, за подоцна. Кога ќе дојде момент повеќе да не можеш, а ќе дојде. Кога ќе дојде момент да се покриеш преку глава, а мораш да станеш. Остави малку од себе за себе, за деновите кога ќе немаш одговор на сите прашања. Биди и за себе онаа што ќе верува дека сè е можно, дека не се сите луѓе лоши, дека не е сè околу нас лошо, дека си многу повеќе од тоа што мислиш и воопшто не мисли во тој момент.

Остави малку од себе за себе, кога ќе ги испратиш сите на спиење, кога ќе ги бакнеш сите во образите. Гледај филм, стави слушалки и слушај ја омилената песна. Играј на неа.

Стани 5 минути порано ако ти се пие кафе сама. Или, ако можеш, остани да лежиш 5 минути подолго.

Кога на сите ќе им направиш појадок, бидејќи знам дека нема прво за себе да направиш, кога за сите ќе се погрижиш, бидејќи знам дека за себе последно ќе се погрижиш, остави си малку од среќните мисли со кои ги бодриш другите. За кога ќе дојде моментот нешто да мораш, а ќе мораш, бидејќи некои работи едноставно мора да се завршат, остави си малку насмевка.

Остави си малку „те сакам“ и љубоморно чувај го, бидејќи знам дека најмалку љубов чуваш за себе. Да, еднаш кога ќе станеме мајки, сфаќаме дека љубовта со делење се множи. Но, мора да ти остане малку љубов и за себе, за да имаш што да делиш. На своите деца ти си им сè. Замисли што им значи едно: „Го можеш ти тоа“. Ја гледаш ли искрата во нивните очи секојпат кога ќе им кажеш нешто убаво? А сега тоа кажи си го себеси. Еднакво ќе заискриш.

Знам дека веќе долго никој не ти рекол дека можеш, дека вредиш, дека си важна.

Сочувај малку, само малку од себе за себе, малку светлина за ноќта. Малку сонце за дождливите денови. Малку среќни мисли за кога ќе ти дојде да плачеш. Тоа не значи дека си одзела од другите. Насмевни си во огледало. Само еднаш. Можеби и двапати. Најмногу трипати и ќе ти стане навика.

Биди добра кон себе. Биди нежна, трпелива, сигурна.

Сето она што си им на другите, биди си и на себе. Почни со тоа. И не, тоа нема веднаш да направи сè подобро и полесно, но ќе влијае врз тебе како топол чај во зимски студени денови. А тоа звучи како добар почеток, зарем не?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This