Доаѓа големиот христијански празник Свети Ѓорѓија – цели цела и градови го слават овој ден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Православните верници во понеделник на 9 декември го празнуваат посен свети Ѓорѓија. Овој ден, освен како семејна слава, се празнува и како именден и како слава на цели села и градови.

Свети Великомаченик Георгиј Победоносец ( во народот познат како Свети Ѓорѓија ) живеел и пострадал за време на безбожниот римски цар и идолопоклоник Диоклецијан (284 – 305 година), во чие време се вршело прогонство и у*ивање на христијаните. Свети Георгиј, син на набожни родители и добар Христов војник завршил воена школа и бил на служба кај овој цар.

Во својата 20-та година го добил чинот трибун, воен старешина и царски пратеник. Знаејќи дека заради верата во Христа набргу ќе настрада, по смртта на својата мајка го раздал имотот на сиромашни, а робовите ги ослободил. Тој не можел да ја поднесе неправдата. Храбро застанал пред царот, кнезовите и сенаторите и изјавил: „Слуга сум на Христос, мојот Бог… До кога ќе ги гоните и мачите тие невини луѓе и ќе ги принудувате на вашето безумно безбожје. Идолите ваши не се богови, не се! Христос е единствениот Бог!“.

Царот наредил Св. Георгиј да биде фрлен во затвор и бил изложен на најтешки ма*ења.

Во жестоката борба меѓу доброто и злото – победа му подари, издржа надчовечки мачења и стана Победоносец, за да сведочи пред светот дека љубовта, побожноста и верата се посилни од се.

На иконата Св. Ѓорѓија е претставен како војвода на коњ како со копје у*ива ламја која е под копитата на коњот. Приказот на свети Ѓорѓија како ја у*ива ламјата е заснован на популарна легенда во христијанската митологија. Според легендата Св. Ѓорѓија ја у*ил ламјата што на народот му правела голема штета.

За многу години!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This