ДОБИВМЕ ДАТУМ, НО ГРЦИЈА ВЕДНАШ СЕ ЗAKAHИ: Отворање и затворање на поглавјата само ако се задоволени грчките интереси

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Поглавјата за Македонија ќе се отвораат и ќе се затвараат само кога ќе бидат задоволени интересите на Грција и ако треба ќе стави и вето, но се надеваме дека ќе може, секое поглавје на предпристапните преговори непречено да оди напред, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен телеконференциски брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина во однос на зеленото светло од ЕУ Македонија и Албанија и нашето членство во НАТО и колку е тоа важно за ГрцијОтворање и затворање на поглавјата само ако се задоволени грчките интересиа.

-Грција секогаш ја поддржуваше европската перспектива на сите држави од Западен Балкан и затоа, за ова, ги рашири сите нејзини дипломатски активности. Преку интегративниот процес на овие земји и конкретно за Македонија, за прашањето на новинарката, Грција ќе изврши притисок со сите средства што ги има за да се задоволат нашите национални интереси и како што имаме кажано, сите поглавја ќе се отвораат и ќе се затвараат само кога ќе бидат задоволени интересите на Грција и ако треба ќе стави и вето, ако биде потребно, но се надеваме дека ќе може, секое поглавје на предпристапните преговори, непречено да оди напред, рече Пецас.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This