ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА ЌЕ СЕ РАЗГЛЕДУВА ВО СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ: Руските претставници во ОБСЕ бараат промената на името да се разгледува во ОН

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дијалогoт и евентуалниот конечен договор (преговорите за името меѓу Македонија и Грција-н.з.), во согласност со став 3 од Резолуцијата 845 ќе биде разгледан од Советот за безбедност на ОН, пишува на официјалниот твитер-профил на Мисијата на Русија во ОБСЕ. Овие пораки Русија ги праќа по разгледување на редовниот извештај на ОБСЕ за Македонија, пренесува порталот МКД.

Резолуцијата 845 на Советот за безбедност на ОН е донесена на 18 јуни 1993 година. Во неа (член 3) „Советот за безбедност бара од генералниот секретар постојано да го известува Советот за напредокот во следните преземања, кои имаат цел да ја решат разликата меѓу страните пред почетокот на 48-та сесија на Генералното собрание и навремено да го извести Советот за резултатот и да одлучи да го обнови разгледувањето на ова прашање во светлината на тоа известување“.
Мисијата на Русија во ОБСЕ на својот твитер-профил уште вели дека очекува „прашањето за државното име на Македонија да се реши без притисок од надвор и во вештачки услови и тоа решение треба да се заснова на широка јавна поддршка и исклучиво во рамките на правото.
Убедени сме дека обидите да се наметнат надворешни императиви на граѓаните на Македонија само ја влошуваат поделбата на македонското општеството. Прогонството на оние кои не се согласуваат со политиките на владата на Македонија се интензивираат. Продолжува невидениот притисок и врз претседателот на земјата, а се појавија и информации за тоа дека неговите телефони од канцеларијата се прислушувани.
Јавната доверба во силата на институциите и во демократските процедури е сериозно нарушена во Македонија. Референдумот, како алатка на законодавниот дом беше дискредитирана.
Интервенциите на западните земји во внатрешните работи на Македонија предизвикаа рецидив на акутна политичка криза во земјата која не е надмината повеќе од три години“, предупредува Мисијата на Русија во ОБСЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This