ДОГОВОРОТ ЌЕ ОДИ НА ГИЛОТИНА: ВМРО-ДПМНЕ ќе репреговара подобар договор за Македонците, откако ќе го укине штетниот потпишан во Преспа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски во своето интервју за Радиот Слободна Европа, најави укинување на Договорот од Преспа. Според Николовски кога ќе дојде на власт опозицијата планира да го укине овој договор и да постигне еден нов подобар договор за македонската страна. Имено тој во повеќе наврати во своето интервју истакна дека Македонија добила лош договор, штетен за македонските национални интереси.


-Јас сум апсолутно убеден дека може да се постигне подобар договор од овој со Грција и сум апсолутно убеден дека може да се постигне подобар договор од овој со Грција. И сум апсолутно убеден да имаше Владата поинаква преговарачка позиција, можам да ја објаснам и во кои делови, дека ќе имаше подобар договор. Прво, не може вие да дозволите грчката страна да ангажира 60 меѓународни експерти, пред се адвокати по меѓународно право и експерт-професори по меѓународно право, вие да не ангажирате ниту еден, на крајот да ангажирате еден. Не може јавно со тактиките што ќе ви бидат во преговорите, и да ги знае другата страна, на начин што вие ги кажувате неколку дена пред да го направите тоа. Не може да менувате ставови секој месец. И, најважно,не може да очекувате да постигнете договор со другата страна и тој договор да ви донесе покривање на политичките проблеми дома, вели Николовски

Тој истакна дека Македонската страна ја потценила грчката дипломатија која била создадена да се бори со една Турција која е европска велесила. Николовски уште еднаш напомена дека може да се постигне подобар договор од овој кој сега е претставен пред граѓаните, договор со кој ќе нема промена на македонскиот Устав.
-Затоа што во такви услови, другата страна – а да не ја потценуваме грчката диломатија е многу силна – да ви ги знае сите слаби страни и тука да удира. Тоа е дипломатија која е креирана да се бори со една Турција која има 80 милиони жители и на една таква дипломатија и е многу лесно да се бори со дипломатија од 2 милиони жители. Ако уште на тоа ги додадете овие фактори кои ги кажувам, тогаш имате апсолутно лош договор. И ако гледате од грчка страна, треба да им се честита на Грците и на нивната дипломатија, затоа што за нив направија одличен договор. Сметам дека можеме да седнеме да го препреговараме овој договор, затоа што е и во интерес на Грција да се реши ова прашање, а не можам да се согласам дека Грците немаат никаков интерес да се реши ова прашање и можеме да постигнеме апсолутно подобар договор. Договор кој што нема да значи промена на Уставот на Р.Македонија, истакна тој.

Имено интересно е што само пред неколку дена националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски во своето гостување на Само Вистина призна дека досега прашањето на промената на македонскиот Устав не било на маса. Тој во своето гостување изјави дека целата македонска делегација во јануари била изненадена, кога уставните измени биле ставени на маса како грчко барање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This