Договор, но со кого: Eвроамбасадорот вели дека ќе почнеме преговори кога ќе има договор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Патот на којшто сега се наоѓате е двонасочен – првиот е билатерално да продолжи ангажираноста со Бугарија, нешто што и сега Владата го прави, со цел да се постигне заемно прифатливо решение и второ – да се продолжи со напредокот во реформите, изјави денеска евроамбасадорот Дејвид Гир на онлајн конференцијата „Улогата на медиумите и граѓанските организации во процесот на интеграции“.

Гир повтори дека минатата година во март беше донесена историска одлука од сите 27 земји членки на ЕУ за започнување на пристапните преговори со Македонија и со Албанија и оти ја разбира нетрпеливоста во однос на дискусиите за преговарачката рамка, бидејќи, како што рече, луѓето сакаат да се движиме напред, сакаат да видат што е можно поскоро отворање на преговорите.

Точно е дека преговорите ќе почнат тогаш кога ќе има договор, меѓутоа, нема причина во меѓувреме да се чека да не се спроведуваат реформите, бидејќи тоа само ќе го забрза патот понатаму и тоа е во интерес на сите граѓани. Колку повеќе напредуваме во реформите, толку поблиску ќе биде државата кон Европската Унија, подвлече евроамбасадорот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This