Догодина јавниот долг ќе изнесува над 8,5 милијарди евра?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Околу 8 милијарди евра или близу 64% ќе достигне јавниот долг годинава, согласно проекциите на министерството за финансии во Стратегијата за управување со јавен долг 2022-2026. Тоа значи дека секое четиричлено семејство во државава, од 2021 натаму, ќе должи по 16.000 евра. Владата веќе тргна да им ги наплатува овие пари преку „зелени” такси и даноци кои оваа и следната година ќе се воведат за граѓаните и фирмите.

Над 8 и пол милијарди евра Владата планира да го качи јавниот долг догодина. Тоа се 66% од БДП. Тоа се 6 процентни поени над Мастришкиот критериум за јавен долг. Тоа е скоро двојно од состојбата која ја затекна владата на СДСМ во 2017 година. Изминативе години освен редовните аукции на Министерството за финансии, кредити кај домашните банки и меѓународните финансиски институции, се земаа и еврообврзници по рекордни суми.

Она што е најголемиот проблем е на што одат овие пари. Капиталните инвестиции потфрлаат со бедна реализација од околу 20% за половина година. За сметка на тоа, секојдневно читаме за нови партиски вработувања во државната администрација и небулозни јавни набавки за ќеифот на функционерите од власта.

Во очекување на објавата на редовните податоци на министерството за финансии на 30 јули 2021, прашуваме на што ги потрошивте парите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This