Додека Бугарија гaзи врз Македонија, Османи во Шпанија лобира за признaвање на Косово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Прашањето за Косово е на приоритетната листа на г-дин Османи, исто така е приоритет на нашата партија како учесник во Владата на Република Македонија. Разговаравме за ова со г-ѓа Вјоса Османи, дека секогаш ќе ја имаат нашата поддршка“, изјавил за ТВ 21, првиот вицепремиер на владата на Македонија, Артан Груби, кој се наоѓа во еднодневна посета на Приштина.

Шпанија е една од ретките земји членки на ЕУ, која не ја признава независноста на Косово.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Шпанија, се сретна со министерката за надворешни работи, Европска унија и за соработка на Кралството Шпанија, Аранча Гонзалес Лаја.

„Убаво е да се биде во Мадрид токму на годишнината од ратификацијата во шпанскиот Сенат на протоколот за нашето членство во НАТО, и тоа во далеку построги, потешки и навистина – едвај изводливи мерки на ограничена работа. Со тоа се заокружи ратификацијата на протоколот од сите 29 земји членки, по што Република Македонија стана 30-та членка на Алијансата. Дозволете да бидам нескромен: со ваквиот чин, со вонсерискиот напор што го направивте во рамките на шпанскиот сенат, воведувајќи преседан за прв пат да се гласа преку видео конференција, Вашата земја секогаш ќе има посебно место за нашите граѓани, и вие можете да сметате на Република Македонија како не земја која ви е близок пријател“, истакна Османи, пренесувајќи ги пораките на благодарност во името на Владата и на земјата.

„Веќе следната недела, ние повторно ќе се сретнеме на министерскиот состанок на НАТО во Брисел. Овој пат, за прв пат и Северна Македонија преку физичко присуство на заедничката маса, како полноправни членки и блиски НАТО сојузници. Нѐ очекуваат сериозни разговори и важни одлуки за иднината на Алијансата, за современите предизвици, и пред сѐ за процесот Рефлексија – НАТО 2030“, посочи Османи.

На средбата беа отворени и темите поврзани со европските интеграции на Република Македонија, како и последните актуелности од регионален аспект

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This