„ДОДЕКА ЗАЕВ ТАНЦУВА СО ИЗБОРИ- ЗА ГРАЃАНИТЕ ЧЕКИЧ“: За 24 часа 29 нови случаи на Koвид-19 во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во изминатите 24 часа направени се 349 тестирања, при што потврдени се 29 нови случаи на ковид-19 во земјава. Од нив најмногу се во Скопје-9, Прилеп-6, Тетово-5, Струга, Велес, Битола и Охрид по 2 и во Куманово еден случај.

Со тоа вкупната бројка на заболени со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1 723, од нив оздравени пациенти се 1 235, починати 95, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 393.

Случаи на ковид-19 досега има регистрирано во 29 града и тоа:

• Скопје – 588, активни 138
• Куманово – 411, активни 47
• Дебар – 51, активни 0
• Штип-35, активни 1
• Прилеп –190, активни 62
• Тетово – 126, активни 63
• Струга – 69, активни 6
• Велес – 111, активни 49
• Битола –25, активни 6
• Охрид –17, активни 2
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар –19, активни 3
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 2, активни 0
• Крива Паланка- 6, активни 2
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 4
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево- 3, активни 1
• Делчево-1, активни 0
• Валандово -1, активни 1
• Виница – 2, активни 0
• Кратово-2, активни 2
• Берово-1, активни 1

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти во: Велес-3 и по еден во Штип, Гостивар и Кочани.

Во изминатото деноноќие направените се 349 теста од кои: во ИЈЗ –211, на Ветеринарен факултет -27, „Авицена“ –17, „Биотек“ -34, „Филип Втори“ (Жан Митрев) –33, „Систина“ со PCR метода -10 и во МАНУ -17. Досега во земјата се направени вкупно 20 088 тестирања на ковид -19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This